19 Декември, 2025
0.0794

Во „Часот на планетата Земја“, УСЈЕ ќе заштеди струја колку 3.000 семејства

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2014 12:29

Добивај вести на Viber

Во периодот од  20:30 – 21:30 часот на 29 март 2014 година,  мелницата за цемент на Цементарница Усје ќе биде исклучена на еден час. Освен мелницата за цемент во исто време ќе се исклучат од електрично напојување сите невитални објекти во кругот на фабриката. Со оваа акција Цементарница Усје АД Скопје ќе се приклучи шестти пат кон глобалната акција „Час на планетата Земја“. Освен во кругот на компанијата, менаџментот и вработените на Усје ќе се приклучат на акцијата „Час на планетата земја“ и лично исклучувајќи ги електричните уреди и светилките во своите домови. Освен тоа по иницијатива на Усје на оваа глобална акција ќе се приклучат и други компании кои се нејзини долгогодишни деловни партнери. Преку приклучувањето на оваа акција Цементарница Усје АД ќе заштеди над 10 MWh електрична енергија со исклучувањето, што е еднакво на потрошувачката на електрична енергија на над 3000 домаќинства во Скопје. „Нашето приклучување кон глобалната акција „Часот на планетата Земја“ е симболично, но многу значајно, бидејќи со оваа акција се подигнува свеста за одговорноста на сите поединци, компании и институции. Сите ние имаме одговорност за подобрување на животната средина и тоа не само денеска.  Цементарница Усје АД Скопје својата постојана грижа за околината ја докажува преку своите континуирани активности со нашите партнери. Во насока на подобра животна средина сме реализирале многу корисни поректи за зедницата и продолжуваме во таа насока “, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница Усје АД. Денот на планетата Земја започна во САД по инцијатива на сенаторот Гејлорд Нелсон, по што стана глобална акција. За прв пат е одбележан во 1970 -та година. Годинава манифестацијата се одржува под мотото „Искористете ја Вашата моќност денеска, исклучете ги светилките, време е Планетата Земја да светне“. Цементарница Усје АД Скопје е меѓу компаниите кои во целост ја имплементираа Еколошката А дозвола уште пред крајниот рок во 2014 година. Оваа дозвола подразбира работење според највисоките принципи и регулативи за заштита на животната средина, како и постоење на систем на постојана контрола и унапредување на процесите. Од декември 2008, Цементарница Усје АД е локален член на Глобал Компакт договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, Цементарница Усје АД ги прифати десетте принципи на добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција