Во Црна Гора порција овошје чини 100 евра?!
Објавено во: Балкан 11 Август, 2013
Црногорските медиуми јавија дека со доаѓањето на ексклузивните гости во Будва дошле и ексклузивните цени, па издвојувањето на сто евра за порција диња, лубеница и ананас, што се наоѓа на менито на локалот „Пјуробич“ во Порто Монтенегро, за милионерите е само ситна пара.
Во новоизградениот комплекс Порто Монтенегро има шест ресторани, а „Пјуробич“ е најексклузивниот од нив.
Таму заедно со уживањето во наргиле се нудат различни комбинации на овошја и напитоци кои чинат од 30 до 100 евра. Сто евра чини комбинацијата од лубеница, ананас и диња наречена „Буда бум“.
Од другите специјалитети на комплексот може да се издвојат и „бисерите“ на хотелот „Сплендид“ каде пире од компири со сос од клека чини 42 евра, додека пчелините јајца „Бенедикт“ чинат 16 евра.
Хотелот „Сплендид“ знае да изненади со цените на колачињата, каде едно чини шест евра.
Хотелот „Маестрал“, пак, нуди шпагети за 20 евра и рижото за 12 евра.