Во Dioptra Optics промовирана новата колекција на Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy
Објавено во: Мои пари 30 Април, 2025 11:10
Синоќа во ТЦ Лептокарија, Dioptra ексклузивно ја претстави својата најнова колекција на очила – дизајнирана и изработена во Италија, инспирирана од желбите на своите клиенти и создадена со највисоки стандарди на квалитет и изработка.
Новата колекција, инспирирана од медитеранскиот дух, зрачи со енергија, стил и автентична убавина, доловувајќи ја слободата и шармот на медитеранскиот начин на живот. Секој модел е мајсторски изработен од целулозен ацетат, добиен преку прецизен процес на трансформација на природен памук – материјал кој ја задржува својата природна суштина, нудејќи еластичност, издржливост и мекост кон кожата. Благодарение на неговата уникатна способност за обликување во бескрајни форми и бои, ацетатните рамки се симбол на автентичност и стил.


"Колекцијата е внимателно создадена за да одговори на различни вкусови и стилови. Таа нуди сѐ–одминималистички, лесниидискретнимоделиизработениодмедицинскичелик, досмели, колоритниивинтиџинспириранирамки. Безразликанапреференциите, секојќеможедасепронајдеидагонајдесовршениотмоделштоќејаизразинеговатаиндивидуалност. Отсекогаш ги следиме желбите на клиентите, а оваа колекција е токму резултат на долгоочекувано барање, што за нас претставува огромно задоволство и потврда за нашиот успех.
Ова е веќе третата колекција на Dioptra – претходните две беа лансирани по повод 25-годишнината и 30-годишнината од нашето постоење. Овој пат, по барање на клиентите, одлучивме колекцијата да стане постојан дел од портфолиото на Dioptra.


Со особена гордост ги прифаќаме комплиментите од нашите клиенти и партнери, кои препознаваат дека сме пионери во оптометриската индустрија во земјата, нешто што за нас е најголемо признание за повеќе од три децении посветена работа."- рече м-р Марија Костуранова, сопственичката на Dioptra Optics и Dioptra Couture.
Особено внимание привлече новитетот во колекцијата – бројни модели со клип-он решенија, кои носат функционалност, практичност и додадена вредност за динамичниот животен стил на современиот корисник.

Настанот се одвиваше во автентичен италијански амбиент, збогатен со звуците на италијански канцони, вкусот на лимончело, жолто-сини детали и текстури кои ја пренесоа медитеранската атмосфера. Специјални гости на настанот беа претставници од Италијанската амбасада и директорот на Italian Trade Agency (ITA), чие присуство ја потврди меѓународната вредност и ја изразија својата поддршка за уникатниот концепт и визија на Dioptra Optics.
Колекцијата веќе е достапна во сите оптики на Dioptra и е понудена по промотивен попуст од 50%.
Со оваа колекција, Dioptra уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон современа визија, втемелена врз традиција, иновација и искрена грижа за клиентите. Со над 30 години искуство, тимот од Dioptra останува доследен на вредностите на доверба, одговорност и естетика – создавајќи производи што ја истакнуваат индивидуалноста на секој поединец, со стил, прецизност и љубов.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




