Во Џенова прогласена вонредна состојба - идентификувани 21 од жртвите
Објавено во: Свет 15 Август, 2018
Италијанскиот премиер Џузепе Конте прогласи вонредна состојба во околината на Џенова.
Оваа вест тој ја соопшти откако го посети местото на трагедијата, каде при уривање на надвозник загинаа 42 луѓе.
Досега се идентификувани 21 тело, а шест од нив не се Италијанци.
Акцијата за спасување е во тек.
Конте на прес - конференцијата изјави дека одлуката за вонредна состојба ја донел на барање на регионалните власти. Владата нема да чека исход од истрагата, туку ќе побара одговорност од компанијата Аутострада, која е одговорна за безбедноста на автопатот и на надвозникот.