Во ГОБ „8 Септември“ веќе е преполно со најтешки пациенти, најмногу примени од Струмица
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2020 13:04
Во Ковид-центарот
во Градската општа болница „8 Септември“, каде има капацитет за најмногу 50
пациенти, до утринава до 8.00 часот има 42-ца хоспитализирани со Ковид-19,
потврди за Фактор, директорот, д-р. Христијан Костов.
-До 14.00 часот болничките кревети ќе бидат целосно исполнети. Нема повеќе место. Од утринава примив безброј телефонски повици за да хоспитализираме болни од ковид, но еве велам дека сè пополнето. Најмногу пациенти, освен од Скопје, се примени од Струмица и тоа станува збор за исклучително тешки случаи. А, ГОБ „8 Септември“ мора да функционира со сиот свој капацитет, и технички и кадровски, за пациенти кои не се заразени со коронавирусот, појаснува д-р. Костов.
Инаку, епидемиолошката слика во Струмица е повеќе од алармантна. Од ден на ден бројот на новозаразени е сè поголем, а само вчера беа регистрирани рекордни 21 случаи позитивни на вирусот. Во Струмичката болница, пак, двајца лекари, три медицински сестри и двајца вработени во администрацијата се позитивни на вирусот и во моментов се во изолација. Во Градот има 168 активни случаи на ковид.
Истовремено, како што појаснува д-р. Костов, ако состојбата дополнително се влошува и во случај Владата да побара ГОБ „8 Септември“ да го зголеми капацитетот, тие како болничка установа се целосно подготвени.
Вчера министерот за здравство алармираше дека во моментов во болниците низ Македонија има 414 хоспитализирани пациенти, што е најмногу по јули годинава. Според епидемиолозите, ако се преполнат болничките капацитети ќе има целосен колапс на здравствениот систем и стравуваат дека може да станеме Италија, која беше првиот европски епицентар на корона вирусот, кога по болничките ходници умираа луѓето.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ




