Во Грција и по смртта пензионерите добиваат пензии
Објавено во: Балкан 14 Август, 2013
2.260 државни пензии биле исплатени на починати граѓани, кои вкупно изнесувале повеќе од 35 милиони евра, покажа пописот што го спроведе грчкото Министерство за финансии.
Според податоците што ги презентираше заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас, пензиите биле исплаќани повеќе од шест месеци по денот откако корисниците починале, но сега нивните имиња се избришани од регистрите.
Досега се вратени 21 милион од 35-те милиони евра, а властите продолжуваат со напорите за враќање на преостанатите 14 милиони евра.