Добивај вести на Viber
Хрватската Влада на Твитер објави дека се откажува од данокот на додадена вредност на телефонските повици за хуманитарната акција за поплавените подрачја.
Целата сума од ДДВ-то ќе биде исто така уплатена на сметката за помош на погодените региони. „Сите средства од ДДВ на телефонските повици за хуманитарните активности за поплавите, Владата на Хрватска ќе ги пренасочи кон примателите на донациите“, објави Владата во Загреб на Твиер.
Ваквата реакција во Хрватска уследи откако граѓаните реагираа затоа што на нивните хумани повици за спас на погоденото население, Владата си задржува ДДВ.
Слични реакции имаше и во Македонија, откако на граѓаните кои донираа 100 денари со телефонски повик за населението погодено од катастрофални поплави, им стигнаа пораки дека дополнителни 18 денари им се задржуваат за ДДВ.
Засега нема официјални информации дали македонската Влада ќе го следи примерот на хрватската и ќе се откаже од ДДВ-то за еден хуман гест.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.