16 Декември, 2025
0.0589

Во иднина ќе имаме повеќе топлотни бранови, повеќе пожари, а помалку врнежи

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2021 07:00

Добивај вести на Viber

Поради климатските промени, во иднина ќе имаме повеќе топлотни бранови, повеќе пожари, а помалку врнежи. Сушите ќе бидат почести и ќе има потреба од често наводнување на земјоделските површини.

Метеорологот и експерт по климатологија, д-р Пеце Ристевски објаснува дека најголеми промени во земјава ќе има долж Повардарието.

„Сепак најголеми влијанија на климатските промени ќе се случат во субмедитеранското подрачје, односно долж Повардарието, во гевгелиско  - валандовскиот регион и во централните подрачја со умерена клима, каде се наоѓаат најсушните подрачја во Македонија, дури и на Балканот и се разбира во Европа. Исто така ќе има промена и врз вертикалната разместеност на климатските елементи со надморска височина каде ќе се случат промени и во зависност од надморската височина, и постои веројатност да се промени климата на планиските видови клими и тоа промена на климатско – вегетациона распределба на одредени шумски култури“, вели тој.

Во годините кои доаѓаат се очекува да има повисоки температури, а помалку дождови. Oва ќе биде најизразено во летните месеци јуни, јули и август, кога имаме интензивно сончево зрачење. 

„Генерално гледано во иднина се очекуваат зголемен број на топлотни бранови, и повисоки температури на воздухот, како и во другите делови од Јужна Европа со намалени количества на врнежи, и зачестена појава на пожари на отворен простор, зголемена потреба на вода и наводнување на земјоделски култури. За таа цел постои стратегија согласно Конвенција за климатските промени и Парискиот договор од 2015 година за што се направени три извештаи како одговор на конвенцијата од 2003, 2008 и 2013 година и сега е во фаза на затвршување четвртиот план кој е финансиран од Глобалниот еколошки фонд и УНДП“, рече Ристевски.

Македонија деновиве е среде топлотен бран, а температурите ќе достигнат и до 42 степени Целзиусови. Екстремно топлото време ќе продолжи и идната седмица. 

Од работа се ослободени бремените жени и луѓето над 60 години, а кој нема потреба да не излегува барем во периодот од 11 до 17 часот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“