ВО ЈУНИ ПОЧНУВА ИЗДАВАЊЕТО НА ГРАЃАНСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ – Ќе може да се тргуваат на берза, но и каматата ќе биде примамлива
Објавено во: Финансии 15 Мај, 2023 12:06
Од наредниот месец ќе се издаде првата граѓанска обврзницата. Со неа, според очекувањата на министерот за финансии, Фатмир Бесими, во буџетот ќе влезат 50 милиони евра, а со тоа ќе им се овозможи на граѓаните нов финансиски инструменти. Тој истакна дека со издавањето на граѓанската обврзница се прошируваат финансиските инструменти во земајва.
- Како што и претхоно најавувавме во план е издавање на други обврзници, како што е граѓанската, развојна и зелени обврзници. Прво почнуваме со граѓанската, која не се воведува поради празна државна каса, туку се прошируваат финансиските инструменти. Со ова ќе им се овозможи на грашаните да купуваат обврзници со кои ќе можат да тргуваат на берзата. Ова е всушност проширување на финансискиот пазар, и се планира веќе две години. Годинава започнуваме, а ќе објавуваме секоја година. Со ова граѓаните ќе можат да ги користат парите кои ги имаат заштедено за купување обврзница, а потао тие пари ќе се искористат за инвестиции. Ова е начин да се зачува вредноста, бидејќи во инфлација парите ја губат вредноста. Во обврзницата тие ќе бидат заштитени – појаснува министерот Бесими.
Тој на брифингот пред новинарите потенцираше дека предвидено е овие обврзници прв пат да се издадат во јуни месец, со две години рок.
- Сметавме дека со ваква обврзница ќе може да се влијае врз инвестициите. Една обврзница ќе чини 10 илјади денари, а со нивното издавање очекувањата се дека би се собрала сума од 50 милиони евра. Сепак, ќе потенцирам дека ова не се прави за да се соберат пари за буџетот, бидејќи и кај банките има доволно средства да се позајмат. Повеќе се воедува како инструмент за граѓаните да имаат можност да инвестираат и со цел развој на финансискиот пазар. Граѓаните знаат дека во инфлација се намалува вредноста на парите, со инвестиција во обврзница вредноста ќе биде заштитена. Каматата на граѓанската обврзница уште не е дефинирана, но ќе биде повисока од каматите на депозитите на банките. Со тоа граѓаните би добиле повеќе отколку да ги чуваат парите во банките, а државата би се задолжила помалку отколку да позајмува од странство – појаснува Бесими.
Воедно министерот укажа дека обврзницата ќе може да се тргува на берзата, со што граѓаните кои имаат купено обврзница, а не можат да го чекаат рокот од две години за поврат на средствата, можат да си ги повратат парите преку продажба на берза.
- Сметаме дека ова е вин-вин состојба за сите. Граѓаните ќе имаат финансиски инструмент кој е сигурен, нема да чуваат пари на страна. Исто така знаеме дека многу наши сограѓани кои работат во странство – дијаспората, купува недвижнини, станови кои стојат празни, а цените растат. Сега ќе имаат друг начин за инвестиции – заклучува Бесими.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари
ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?
Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили
„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието
СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра




