Во Каракас почина најстариот син на Ернесто Че Гевара
Објавено во: Свет 31 Август, 2022
Во главниот град на Венецуела, Каракас почина Камило Гевара Марч, најстариот син на револуционерната икона Ернесто Че Гевара.
Тој починал во Каракас на 60-годишна возраст oд срцев удар, објави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел. Камило беше најстариот од четирите деца што Аргентинецот Че Гевара ги имаше со Кубанката Алеида Марч. Гевара ја имаше и ќерката Хилда од претходниот брак со Перуанката Хилда Гаде. Дипломиран по трудово право, Камило Гевара Марч беше директор на Центарот за студии на Че Гевара во Хавана, институција посветена на промовирање на работата и идеологијата на неговиот татко.
Че Гевара стана заштитно лице на Кубанската револуција, заедно со Фидел и Раул Кастро. Камило имал само пет години кога татко му го убиле во Боливија во 1967 година.