Во Кина вирусот стигнал од Еквадор
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Август, 2020
Во Кина вирусот стигнал од Еквадор.
Властите во градот Вуху денеска откриле дека пакетите со замрзнати морски ракчиња од Еквадор биле загадени со коронавирусот.
Вирусот е откриен на внатрешната амбалажа на увезените шкампи, јави државната телевизија ЦТВ.
Ваквите откритија се случија во неколку други градови, поради што кинеските власти забранија увоз на шкампи од три еквадорски производители.
Запленета на загадените пакувања со шкампи е извршена кај сите познати ресторани од кои купиле морска храна од истиот производител од Еквадор. Еквадорските власти објавија дека Кина повторно дозволила увоз на ракчиња за еден од трите производители од Еквадор, чија лиценца за извоз на морска храна претходно е суспендирана.
Во светот има 20.6 милиони заразени од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.