05 Декември, 2025
0.1080

ВО КОПАОНИК ПОВЕЌЕ НЕМА МЕСТО ЗА ЗИМСКИ ОДМОР! Еве ги детално цените за сместување и скијање за претстојната сезона

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2024 07:20

Добивај вести на Viber

Зимските одмори во планинските центри во Србија во периодот околу Нова година и Божиќ веќе поскапеле за десет до 15 отсто во однос на лани. Според претседателот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (НАТАС), Драган Суботиќ, хотелските капацитети на Копаоник се речиси полни за време на празниците.

- Копаоник со години е најпопуларниот зимски центар кај нас. Без разлика на високите цени, веќе се е полно. Кога станува збор за ски картата, скијачките центри на Србија ги задржаа истите цени како лани - вели Суботиќ и додава дека Златибор е популарна дестинација и во зимската сезона.

Што се однесува до цените во овие планински центри,тој вели дека во периодот околу Божиќ, поточно по 7 јануари и за време на зимскиот распуст десетдневен аранжман започнува од 350 евра, па се до 5.000 евра во зависност од категоријата сместување.

- На Копаоник има зголемен број на приватни сместувачки капацитети, а за време на одмор цената за двајца за десет дена апартманско сместување е приближно 1.000 евра. Хотелите се поскапи, па истиот аранжман - десет ноќевања со појадок чини од 1.600 до 5.000 евра - вели Суботиќ.

Според него, цените во Златибор се многу поповолни. Десет ноќевања од 7 до 17 јануари во приватно сместување чини околу 350 евра. Во хотелите потребно е да се издвојат 2.500 евра за десет ноќевања со појадок.

Најпопуларен ски-центар во регионот за нашите туристи е Јахорина, а потоа следат Бугарија, Словенија и Австрија.

- Јахорина е секогаш за 30 проценти поевтина од Копаоник. Често го избираат нашите патници. Тука е и Бугарија, со одлични скијачки патеки и исклучително добри хотелски капацитети, пред се во Банско, но и во Боровец - вели тој.

Што се однесува до странските зимски дестинации,  најмногу се бира Бугарија, но има и такви кои ги претпочитаат Словенија и Австрија.

- Веројатно има врска со стандардот. Словенија - Крањска Гора и Бовец се во ист ценовен опсег со Копаоник. Австрија е многу поевтина од Копаоник, за околу 30 проценти, а таму навистина може да се оди на скијање по разумни цени. Во исто време, оваа земја има повеќе од 100 организирани скијачки центри, па затоа е омилена и кај професионалните скијачи и кај почетниците. Најчесто станува збор за мали, бајковити гратчиња, каде што еднаш човек ќе отиде, секогаш со задоволство се враќа - нагласува Суботиќ.

- Сепак, и таму можете да најдете поповолни аранжмани, доколку резервирате порано. Нашите професионални скијачи веќе го знаат тоа, па и оние кои резервираат навреме можат да заштедат пари - заклучува Суботиќ.

Најевтината ски карта на Стара планина

Цените на ски картите не се променети во однос на минатата година, а од 1 до 15 ноември има промоција во претпродажба преку нивната веб продавница - со 15 отсто попуст.

Така, во периодот од 8 јануари до 10 февруари десетдневната ски карта за возрасни на Копаоник чини 29.130 динари, за деца 18.250 динари, додека на Златибор за истиот период ски картата е нешто поевтина, па возрасните на Торник ќе треба да платат 22.250 динари, додека десетдневната карта за деца чини 16.000 динари.

Кога станува збор за Стара планина, цената за десетдневно користење на скијачката патека за возрасни е 15.130 динари, додека за деца сумата е нешто поповолна - 10.620 динари.

Курир.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката