05 Декември, 2025
0.0307

Во Македонија банкар да си: „Стопанска“, „Комерцијална“ и „Тутунска“ имаат 70,6 милиони евра приходи од камати за половина година!

Објавено во: Финансии 21 Септември, 2015 08:28

Добивај вести на Viber

Нето приходите од најважната приходна ставка на овие три банки бележат раст за 8 милиони евра во однос на кумулативот за истиот период лани. Паѓаат ли каматите на кредити или повеќе паѓаат каматите на депозити? Најголемите македонски деловни банки агресивно го освојуваат пазарот и ги зголемуваат своите нето приходи од камати – најголемата и најважна приходна ставка во македонското банкарство. Анализата на „Фактор“ во која беа опфатени 8 домашни деловни банки (а ги има вкупно 14 н.з.) кои доставуваат податоци до берзата покажа дека кај 5 од нив има раст на нето приходите од камати, кај две од нив има приходи кои речиси се исти како и лани и само кај една има намалување на нето приходи за 8 отсто. Билансите и најважните параметри и годинава го потврдија големиот јаз меѓу трите големи и сите останати помали банки во земјава. Тенденцијата која произлегува од најважните податоци покажуваа дека растот е присутен на поголем број од банките, но растот на бизнисот е најизразен кај трите најголеми банки. Може ли да има здрава конкуренција меѓу три големи играчи? „Стопанска банка Скопје“ има наголеми нето приходи од камати, НЛБ Тутунска има најголем раст на нето приходите, „Комерцијална“ најголема доверба кај штедачите и комитентите Најголемите домашни деловни банки: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ продолжуваат суверено да владеат на домашниот пазар. Агрегатот на нивните нето приходи од камати е 4,35 милијарди денари наплатени од нивните клиенти односно 70,6 милиони евра. Тие приходи на трите банки пораснале за 8 милиони евра во однос на истиот период лани. Тоа е раст од 12,8 отсто на ниво на трите најголеми банки кои покриваат над 65 отсто од македонскиот банкарски пазар (на кој не учествува државната банка за поддршка на развојот). Најголеми нето приходи од камати како и лани има „Стопанска банка Скопје“ и тие изнесуваат 1,66 милијарди денари. Втора е „Комерцијална банка“ со 1,51 милијарди денари и трета е НЛБ Тутунска банка со 1,177 милијарди денари. Најголем раст на нето приходите има НЛБ Тутунска банка – 179 милиони денари, за 6 милиони денари повеќе од Комерцијална банка. Најголемата т.е. „Стопанска банка Скопје“ има 141 милиони денари раст на нето приходите од камати. Од овие банки најголем обем на кредитни пласмани има повторно „Стопанска банка Скопје“ и тие изнесуваат 53,11 милијарди денари и се за 1,7 милијарди денари повисоки од лани. По обем на портфолио втора е „Комерцијална банка“ со 47,52 милијарди денари и тоа е помало за 126 милиони денари од лани. НЛБ Тутунска банка има 40,17 милијарди денари и тоа е повисоко за 1,77 милијарди денари од лани. Кај депозитите суверено владее „Комерцијална банка“ во чие „чекмеџе“ на 30 јуни годинава имало 82,1 милијарди денари за 2,2 милијарди повеќе од лани. Кај „Стопанска банка“ депозитите се на ниво од 65 милијарди денари и се 858 милиони денари пониски од истиот период лани. Раст на депозитната база има и НЛБ Тутунска банка и тие се на ниво од 53,19 милијарди денари и се повисоки за 1,2 милијарди денари од истиот период лани. (Податоците се однесуваат на ставката – депозити на други комитенти од која се исклучени пласманите на банките н.з.) Охридска банка, УНИ банка, Стопанска банка Битола и ЦКБ со солидни растови на кредитните пласмани И помалите банки силно се борат за својата пазарна позиција. Податоците на Охридска банка, на Стопанска банка Битола, ЦКБ и на УНИ банка покажуваат значајни растови на нивните кредитни пласмани. Од овие три – најголемата – Охридска банка има раст на кредитните пласмани за 1,55 милијарди денари до износ од 20,095 милијарди денари. Таа банка има солиден раст на нето приходите од камати за повеќе од 10 отсто до износ од 464,7 милиони денари. УНИ Банка има раст на кредитните пласмани до износ од 8,16 милијарди денари што е за 1,6 милијарди денари повеќе од истиот период лани и по овој параметар таа има значајно поагресивен пристап на пазарот од Охридска банка. Износот на кредитните пласмани на „Стопанска банка Битола“ на крајот на јуни годинава надмина 5 милијарди денари што е за 300 милиони денари повеќе од лани. Позиразен агресивен раст има кај ЦКБ банка која иако има помало портфолио го зголемила за 340 милиони денари до износ од 3,98 милијарди денари. Што се однесува до нето приходите од камати ЦКБ банка и УНИ банка имаат минимален пад на вредноста на оваа ставка во однос на лани, но Стопанска банка Битола бележи солиден раст од 22,9 милиони денари до износ од 126,2 милиони денари што е зголемување од 22 отсто. Најмалата банка во оваа конкуренција ТТК банка иако има пад во категориите кредитни пласмани, нето приходи од камати и вредност на депозити го заврши полугодието успешно, со добивка од 3 милиони денари. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката