18 Декември, 2025
0.0541

Во Македонија влегува лек кој ќе овозможи работоспособност на заболените од мултиплекс склероза

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018 13:05

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство и Фондот за здравство започнаа соработка со компанијата „Рош“ и постапка за набавка на лекот Ocrevus  за болните во Македонија од мултиплекс склероза.

Овој лек е исклучително ефикасен и кај возрасната група од 20 до 40 години, која најчесто заболува од оваа болест, овозможува одржување на работоспособноста.

Во Македонија има повеќе од 1.200 заболени од мултиплекс склероза, а за почеток лекот ќе биде набавен за 13 пациенти на Клиниката за неврологија, Скопје.Понатамошна цел е тој да биде достапен за сите на кои може да им биде потребен во Македонија.

„Ocrevus е развиван од „Рош“ во последните 25 години, а во Европа е дозволен од јануари“ изјави проф. д-р. Томас Бергер од Медицинскиот факултет во Инсбрук, Австрија.

Одобрен е во 60 земји и веќе лекува 40.000 пациенти низ светот.  За прв пат пациентите не мора да мислат секојдневно или секоја недела за својата терапија, бидејќи Ocrevus се администрира на секои шест месеци по пат на интравенска инфузија, што веќе е овозможено на Клиниката за неврологија. Таканаречените „релапси“ или влошувања кај пациентите со овој лек ќе бидат отстранети.

„Мултипла склероза е хронична и инвалидизирачка болест, но овој лек ја забавува нејзината прогресија и ја одржува работоспособноста. Ова е прв и единствен лек одобрен во светот за третман на лица во рана фаза на примарно прогресивна мултипла склероза“ рече д-р Иван Барбов, специјалист по неврологија и директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Скопје.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“