Во месо увезено од Бразил имало коронавирус, открија Кинезите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Август, 2020
Коронавирусот e најден и во пилешки крилца увезени од Бразил.
Примерок на смрзнати пилешки крилца увезен од Бразил во Кина е тестиран и позитивен на коронавирус.
Ова го соопштија денеска локалните власти во јужниот кинески град Шенжен, предупредувајќи дека загадената храна може да предизвика појава на нови случаи со корона кај луѓето, објави Ројтерс.
Локалната контрола тестирала површина од пилешки крилца при рутинска проверка на месото и морските плодови увезени од јуни годинава, откако се појави нов кластер во Пекинг поврзан со пазар за храна во градот.
Здравствените власти во Шенжен ги откриле и ги тестирале сите кои биле во контакт со загадената храна, и сите резултати се негативни.
Во Кина вирусот стигнал и од Еквадор.Властите во градот Вуху откриле дека пакетите со замрзнати морски ракчиња од Еквадор биле загадени со коронавирусот.
Вирусот е откриен на внатрешната амбалажа на увезените шкампи.
Во светот сега има 20.9 милиони заразени, а во Кина од вирусот починаа 4.634 луѓе. Потврдени се повеќе од 84.000 заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.