ВО НАПАДОТ ВО ПИНТИЈА УЧЕСТВУВАЛЕ ДВЕ КУЧИЊА, ПОКАЖУВА УВИДОТ: АХВ вели тие се ставени под надзор на ветеринар
Објавено во: Македонија 12 Април, 2023 14:50
По страшната
трагедија во Пинтија во која беше нападнато осумгодишно дете од страна на куче
од расата бул мастиф и при тоа било искасано до смрт, во расветлување на
случајот заедно со другите органи се вклучи и Агенцијата за храна и
ветеринарство, која како што наведува во соопштението, изразува длабоко
жалење за трагичниот настан. Директорот
на АХВ, Николче Бабовски, соопшти детали од досега направениот увид по
трагичниот настан.
--Лично како човек и како директор на АХВ изразувам најдлабоко жалење за трагедијата во кој згасна млад човечки живот. Од направениот увид утврдено е дека во немилиот настан учествувале две кучиња кои имаат сопственик. Кучињата се уредно идентификувани со микрочип и тие сега се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак ,,Пази куче“. АХВ е во комуникација со надлежните од Министерството за внатрешни работи (МВР), а надлежен официјален ветеринар го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил инцидентот, по што ќе бидат преземени сите мерки согласно законските овластувања и надлежности на Агенцијата, вели директорот Бабовски.
Истовремено, како што се посочува во соопштението, со контролата се испитува и дали сопственикот на кучињата ги испочитувал одредбите од законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните и за здравствената заштита и благосостојба, односно дали се испочитувани условите пропишани во актуелната Годишна наредба за здравствена заштита на животните, условите за држење на кучињата од страна на сопственикот итн.
-Согласно законот, надлежниот инспектор - официјален ветеринар дава налог кучињата да се стават под официјален надзор за болеста Беснило (набљудување -опсервација) од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена, со 3 клинички прегледи, објаснува Бабовски, а по завршување на опсервацијата докторот по ветеринарна медицина издава Сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животните во однос на болеста Беснило.
-По завршување на надзорот на беснило ќе се спроведе тест за социјализација на кучињата од страна на лица кои имаат овластување од Агенцијата за храна и ветеринарство. Потоа ќе се утврдуваат мерките во зависност од констатираната фактичка состојба – додава тој.
Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, во поглед на држење на опасни кучиња сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба кучето да го чува во заграден простор или врзано и при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска. Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.
Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. За сите понатамошни дејства кои ќе произлезат по основ на овој случај, согласно надлежностите АХВ навремено ќе информира.
ФОТО: YouTube Print Screen/Слободен ПечатМожеби ќе ве интересира
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието




