Во обид да помогнам паднав на глава: Ранко Бубамара личен сведок на лизгалиштето во Трнодол, неколку возила судрени
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2021 20:18
Фотографии од неколку судрени возила кои се излизгале на коловозот покриен со снег накај Трнодол, објавија жители на оваа скопска населба. Подоцна во своја објава познатиот Ранко Петровиќ сопственик на Радио Бубамара објави дека е индиректен учесник на настанот - односно во обид да помогне паднал на главата и доживеал ризична повреда. Тој за лизгањето го обвини градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев кој уште пред десетина часа објави дека ги прска улиците со течност која ги штити од замрзнување.
„Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија, за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии, го слушнавме ударот, веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии, тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања, пробавме да дојдеме до нив, но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм)
Не се сеќавам баш на се, но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко, Дарко итн), лесно ме освестиле, дојдоа и други, не се сеќавам некој беа со маска, некои без маска (да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома, напиша Петровиќ.
„Општината ги презема сите активности за правилно справување со снегот. Покрај набавката на сол, организирани се и дежурни комунални служби, кои во случај на снег ќе ги чистат пофреквентните зони, напиша Богоев.


Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




