Во оваа земја на секои седум минути има по една жртва на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Август, 2020
На секои седум минути по еден човек умира од коронавирусот. Ваква е состојбата во Иран.
Министерство за здравство на Иран објави дека досега починале 14.405 луѓе, додека Би-Би-Си зборува за скоро 42.000 жртви.
Бројот на заразени е скоро двојно поголем од официјалниот број.
Коронавирусот е потврден кај 451.024 луѓе, а не 278.827. Иран е најтешко погодената земја од коронавирус на Блискиот Исток.
Во последните неколку седмици Иран се соочи со раст на бројот на заразени.
Првиот смртен случај во Иран е регистриран на 22 јануари.
Поминал скоро еден месец пред официјално да се објави дека коронавирусот се појавил во земјата.
Во Ирак пак мртвите се погребуваат во пустина, и секој ден има по 80 тела.
СЗО предупреди дека е можно никогаш да не се најде решение за коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.