05 Декември, 2025
0.0414

ВО ОВАА ЗЕМЈА НУДАТ 100.000 ЕВРА АКО СЕ ПРЕСЕЛИТЕ: Локалните власти сакаат да го оживеат ова место, но има една „цака“

Објавено во: Финансии 15 Април, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Бидејќи населението во оддалечените делови на Италија продолжува да се намалува, локалните власти се сè покреативни во својот пристап кон проблемот. По познатата иницијатива за продажба на куќи за едно евро, која во претходните години го привлекуваше вниманието на странците ширум светот, италијанските власти одат чекор понатаму - овојпат нудат конкретни пари.

Северниот регион Тренто, познат по своите спектакуларни Доломити, лозја, езера и скијачки патеки, одлучи да го поттикне населувањето на напуштените села преку многу дарежлив поттик. Локалната самоуправа нуди финансиски пакет до 100.000 евра. Од нив 80.000 евра се наменети за реновирање на напуштениот имот, додека дополнителни 20.000 евра служат како поддршка за купување на самата куќа.

Иако нема фиксна цена за куќата што треба да ја купите, проценките сугерираат дека оваа сума покрива меѓу третина и речиси половина од вкупните трошоци.

Не е се така едноставно.

Помошта доаѓа со одредени обврски. Примачот на средствата мора да живее во куќата десет години - или може да ја изнајми, но по јасно дефинирана „прифатлива“ цена за изнајмување. Во случај на непочитување на условите, средствата ќе треба да се вратат.

Има и ограничување на сумата што може да се потроши за реновирање од сопствени средства - максимум 120.000 евра, бидејќи вкупниот трошок за реновирање не смее да надмине 200.000 евра. Идејата е да се зачува локалната архитектура и да се спречи изградбата на луксузни вили кои се издвојуваат од околината.

Дополнително, не ви е дозволено да аплицирате доколку веќе живеете во тој регион и сте под 45 години. Исто така, поединци можат да добијат средства за најмногу три имоти – за никој да не купува цели села. Вкупно 33 општини се на листата на потенцијални места за населување – од затскриени долини до историски села далеку од туристичката гужва.

Блиц.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката