Во Париз одбележани 92 години од смртта на д-р. Анастас Коцарев-голем македонски онколог и научник
Објавено во: Македонија 26 Март, 2023 16:01
Денеска (26.03.2023), во француската престолнина Париз, претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, градоначалникот на Охрид д-р. Кирил Пецаков, претставници од македонските заедници од Франција и Швајцарија како и високи претставници на градската власт од Париз на чело со градоначалникот на општина Бонди, Стефан Ерве ја одбележаа 133 годишнината од раѓањето и 92 годишнината од смртта на големиот македонски онколог и научник д-р. Анастас Коцарев.
Анастас Коцарев по потекло од старо охридско семејство, е македонски деец и лекар онколог. Медицинскиот факултет го завршил на Женевскиот универзитет каде што работи и како асистент на универзитетската клиника. Својата кариера ја продолжува во Париз каде продолжува со истражувањата на Академијата за медицина во Сорбона, Париз. Таму тој продолжува да работи на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум заедно во соработка во Марија Кири-Склодовска која во тоа време била професор и директор на лабараторијата за радиум на Универзитетот во Сорбона. Бил еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата. Коцарев е прв во светот кој направил рендографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Умира во Париз на 28 март 1931 година под неразјаснети околности.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




