Во петок наутро ќе се уништуваат гранати во полицискиот центар во Ѓорче Петров
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2025 13:20
Во петок во 07:00 часот ќе бидат уништени гранати во кругот на полицискиот центар во Ѓорче Петров, соопшти полицијата.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 (петок) во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар“, информираат од таму.
Посочуваат и дека гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




