Во Скопје се трага по две малолетни девојчиња
Објавено во: Македонија 30 Март, 2018
Две малолетни девојчиња на возраст од 13 и 14 години утринава во 4 часот и 30 минути, се пријавени за исчезнати во полициската станица Кисела Вода.
Според информациите од МВР, мајката на девојчињата изјавила дека нејзините малолетни ќерки на возраст од 13 и 14 години, вчера околу 7 часот излегле од домот и се оддалечиле во непознат правец.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.