Добивај вести на Viber
Бројот на работни часа во Cловенија се намалува од година в година, покажуваат податоците на Cловенечкиот државен завод за статистика. Така, бројот на одредени работни часа минатата година, во однос на 2011 година се намалил за 4,7 проценти.
Просечен Словенец минатата година на работа поминал 1.640 часа, односно 6,8 часа дневно, според податоците на ОЕЦД. Од друга страна, пак, Словенечкиот државен завод за статистика вели дека вработените работат 6,2 часа дневно.
Професорот на Економскиот факултет во Љубљана, Јанез Малачиќ, тврди дека Словенија не е никаков исклучок во Европа, каде што веќе подолго време е присутен трендот на намалување на бројот на работните часови, поради растот на продуктивноста, додека работните денови се просечно многу долги во САД и Азија.