ВО СРЕДА ПОЧНУВА МАСОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Се спремаат пунктовите и Спортскиот центар „Борис Трајковски“
Објавено во: Македонија 27 Март, 2021
По утрешното
пристигнување на пратката од 24.000 дози вакцини на АстраЗенека преку Ковакс
механизмот, масовната вакцинација во Македонија ќе започне во среда. Министерот
за здравство, Венко Филипче во неговото гостување во вестите на ТВ Сител
соопшти дека се подготвуваат сите вакцинални пунктови, како и Спортскиот центар
„Борис Трајковски, каде дневно би се вакцинирале повеќе илјади грашани.
– Спремни сме тој процес да се спроведе брзо и ефикасно во салата „Борис Трајковски“. Во понеделник вакцините ќе бидат распределени во градовите. Сето она што очекувавме да се случи порано еве се случи во април. Оптимумот е да вакцинираме 4.000, а мислим дека може да стигнеме до 7.000 граѓани на ден, на сите пунктови, во центрите за јавно здравје, во салата „Борис Трајковски“, слично како во Србија и Израел за да постигнеме задоволителна динамика, истакна министерот Филипче.
Во однос на безбедноста на вакцината тој рече дека нема никаква поврзаност, односно официјална контраиндикација од вакцината на АстраЗенека, и дека е безбедна за сите возрасни групи.
– Вакцината е сосема безбедна да се користи и за повозрасни граѓани. Ги уверувам граѓаните дека буквално сите вакцини се безбедни, нема контраиндикација за вакцината на ниту еден производител, за ниту една категорија граѓани, рече тој.
Што се однесува пак до вакцинацијата на повеќе илјади граѓани во Србија, Филипче оценува дека станува збор за голем пријателски гест од страна на нашиот сосед, и нагласи дека сите што денеска ја примиле првата доза од вакцината на АстраЗенека, втората доза може да ја примат во Македонија, за што ќе ги побараат податоците за сите кои викендов се вакцинираат таму од српското министерство за здравство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.