ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица
Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2024 12:16
Потпишан договорот за државна помош за два одделни инвестициски проекти со компанијата „Бреинчајлд“. Станува збор за германско холандска инвестиција, компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија, глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер.
- Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Малку поразлично од тоа што сме до сега навикнати. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1.500 метри квадратни - соопшти премиерот Христијан Мицковски при потпишувањето на договорото за помош на компанијата.
Како што беше објавено компанијата Бреинчајлд во Македонија има формирано две фирми: Бреинчајлд Продукција и Бреинчајлд Производство. Согласно досегашните информации, инвестицискиот план на компанијата вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Предвидено е компанијата да инвестира најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, а се планира отворање на околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.
- Бреинчајлд Производство е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3.000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица.
Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра или вкупно околу 11.000.000 евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали - посочи премиерот.
На денешната пресконференција беше нагласено дека, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




