ВОДИЧ ЗА ОДМОР ВО ГРЦИЈА 2024: Еве колку се повисоки даноците за престој! Одат и до 10 евра дневно, еве каде не се плаќа
Објавено во: Финансии, Балкан 18 Јануари, 2024
Иако летото не е ни блиску, многу граѓани веќе сонуваат за одмори, бараат слики од плажа и сместување, пред сè, во Грција, која е неспорна дестинација за одмор за повеќето.
Но, годинава, како што најавија властите во Грција, туристите очекуваат повисоки даноци за престој од претходните години, а висината на оваа давачка се движи од 1,5 до дури 10 евра по сместувачка единица дневно.
Многумина сограѓани се уште се збунети од висината на новите даноци, па потсетуваме на овој трошок кој може да влијае на изборот на соодветно сместување.
За почеток, важно е да се каже дека данокот за престој се пресметува како фиксен износ на ден и по сместувачка единица, а не по лице. А висината на даноците варира во зависност од видот на сместувањето. За хотели со една до две ѕвездички, соби, студија и апартмани е 1,5 евра по соба на ден, три евра по соба дневно за хотели со три ѕвездички, седум евра по соба дневно за хотели со четири ѕвездички, 10 евра по соба на ден за хотели со пет ѕвездички и самостојни вили над 89 метри квадратни.
Интересно е што туристичката такса не се плаќа во камповите, па затоа е и интересна опција за туристите кои имаат помал буџет за одмор.
Данок за престој во Грција
1,5 евра по соба на ден за хотели со една до две ѕвезди, соби, студија, апартмани
3 евра по соба на ден за хотели со три ѕвезди
7 евра по соба на ден за хотели со четири ѕвезди
10 евра по соба на ден за хотели со пет ѕвездички и самостојни вили над 89 метри квадратни
Во камповите не се плаќа такса за престој
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.