ВОДИТЕ ОСВЕТЕНИ-ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Дончевски по четврти пат до крстот во Скопје!
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2016
Ширум земјава водите се осветија а свештениците ги благословија верниците.
По крстот во водите ширум републикава скокаа младите, а во главниот град најсреќен беше Даниел Дончевски од населбата Маџари кој по четврт пат го извади крстот од водите на Вардар.
Церемонијата започна со светата Василиева Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ предводена од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, и со спуштањето на светиот крст во водите на реката Вардар. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на Даниел му додели златник и опков на Евангелието. Организатор на манифестацијата е Скопската епархија на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија. Во Охрид најсреќен беше Петар Рупевски, во Велес Ивица Андоновски, а Зоран Елисковски во Битола.Според православната традиција овој ден се нарекува и Богојавление бидејќи тогаш е крстен и Исус од Свети Јован Крстител и Бог за прв пат се јавил на реката Јордан со Светото тројство – Отецот, Синот и Светиот Дух.