29 Јуни, 2024
0.0250

ВОДОВОД: Наплата на заостанати долгови, нервозни граѓани и смирувачки пораки од раководството!

Објавено во: Економија 16 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Метеж, преполни шалтери и нервозни граѓани, вака изгледа сликата изминатиов период на шалтерите за наплата на сметки за струја во Јавното претпријатие Водовод и канализација. Се врши наплата на заостанати долгови и долгови за кои се веќе е поведена судска постапка. Но дел од граѓаните револтирано коменитираат дека на нивната адреса им пристигнали сметки за вода, кои веќе ги имале подмирено.Еве што велат дел од граѓаните што ги затекнавме на шалтерите: -Сметката за вода ми е платена, а ми стигна нова сметка за истиот месец за кој веќе сум платил, сега чекам да видам што е работата, не може по два пати за иста сметка да плаќам, вели еден граѓанин. -Имам засотанат долг кој го плаќам на рати, последната рата ми е платена, а на новата сметка што ја добив нема намалување на долгот, односно излегува како да не сум ја платил ратата, вели граѓанин. -Инкасаторот веќе неколку месеци не е дојден да го прочита броилото за вода, ми стигнуваат паушални сметки, точно е дека ако на пример минатиот месец ми стигнала повисока сметка потоа ќе се порамни, но можеби јас во тој момент немам да платам толку пари, сите си знаеме колку вода трошиме и колку вообичаено плаќаме за вода, а инкасаторот се случува да го чита броилото и на пет месеци, коментира граѓанин. Никому нема да му се наплати нешто што е веќе платено За проблемите со кои се соочуваат граѓаните побаравме став ЈП Водовод и канализација. Директорот  Александар Атанасов за Фактор вели дека гужвите на шалтерите се поради опомените кои изминатиот период ги испратило претпријатието за наплата на заостанати долгови на граѓаните. Атанасов посочува дека е точна информацијата дека кај некои граѓани е направен превид односно се испратени сметки за наплата за веќе наплатена сметка, но дека се работи за мал процент. -Точно е дека има метеж и тоа е поради опомените кои што се испратени за заостанати долгови на граѓаните. Во овој период се врши наплата за отужените сметки односно за кои е покрената судска постапка за наплата, но за да им излеземе во пресерет на граѓаните им нудиме да плаќаат на рати. Исто така и граѓаните кои добиле опомени можат да ги  плаќаат сметките на рати, и апелирам да го сторат тоа бидејќи кога предметот ќе влезе во судска постапка и ќе се врши наплата преку извршители трошоците се многу поголеми. Ние ги информираме граѓаните навреме за долговите и можат слободно да дојдат да им извадиме аналитички картици и да видат за кои месеци се долговите. Точно е дека има случави кога за веќе платена сметка, граѓаните повторно добиваат сметка за истот месец за кои веќе платиле, но тоа е мал процент, можам да кажам дека има 3 до 4 такви случаи од околу 200.000 корисници. Но повторно ќе кажам и во таков случај ги повикувам граѓаните да дојдат и преку аналитичките картици да ја провериме состојбата, вели директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов. Проект за инкасаторите, водомерите ќе се читаат почесто Директорот на ЈП Водовод и канализација Атанасов потврдува дека има паушални сметки и дека дел од инкасаторите ги читаат броилата за вода на подолг период, поради што граѓаните се соочуваат со високи сметки за вода. Вината ја лоцира дел во инкасаторите, дел кај граѓаните но и во недостигот на вработени инкасатори. Најави дека претпријатието во следниов период ќе ги дисциплинира инкасаторите кои за почеток ќе бидат обврзани да ги читаат броилата на 2 месеци, а во иднина и секој месец. Но апелира и до граѓаните доколку забележат дека долго време не им прочитано броилото за вода да се обратат до претпријатието. -Паушални сметки има, имало и претходно, затоа ние малку ги дисциплиниравме инкасаторите. Точно е дека се случува и по неколку месеци да не е прочитано броилото за вода и потоа граѓаните да добијат високи сметки. Но морам да кажам дека вината не е само кај инкасаторите, се случува и граѓаните понекогаш да им отвораат врата на инкасаторите или пак да не се дома. Доколку граѓаните забележат дека долго време не е им прочитам водомерот, треба да се обратат до нас. Исто така има недостиг на инкасатори и понекогаш не може да се постигне. Досега водомерите се читаа на три до четери месеци, но планираме од сега да се читаат на два месеци и ако успееме во тоа, во иднина планираме и секој месец инкасаторите да ги читаат броилата. Исто така нашата нова веб страна е променета и има посебен програм наменет за граѓаните, поточно можат да го сликаат водомерот и во програмот да ја испратат сликата и основните податоци, име, презиме, улица и ќе добијат детални информации од нас за состојбата, вели Атанасов. Законски, броилата треба да се читаат на секои три месеци. Според податоците, еден инкасатор во Центар во просек има 2.556 водомери за читање, за да ги прочита во еден месец, треба дневно да чита по 102 броила, покажува истражувачката сторија насловена како “Хаос во јавните претпријатија: сметките паушални, граѓаните оштетени” објавена на Призма.мк. Во сторијата се посочува дека за да може броилата за вода да бидат читани секој месец, на ниво на главниот град еден инкасатор на „ЈП Водовод и канализација–Скопје“ во просек секој работен ден треба да прочита по 92 водомера, до пресметката се доаѓа, ако се земат предвид бројот на работни денови во месецот (25), како и фактот дека во јавното претпријатие има вкупно 100 инкасатори и 231.373 активни водомери. Или, еден инкасатор за 2.313 водомери. Ваквата ситуација се одразува врз сметките за вода што ги добиваат граѓаните. Високи и нереални сметки пресметани паушално, обиди да им се наплатат застарени сметки, а инкасаторот не дошол со месеци, се наведува во истражувачката сторија. Според податоците од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, кои се посочени во сторијата, во периодот од 2006 година, па до 2014 година, само 118 граѓани поднеле тужби до претпријатието. Затоа, пак, многу поголема е бројката на граѓани кои биле тужени од нив. Во периодот од 2006 до 2014 година, ЈП „Вододод“ тужело 302 734 граѓани. Најголем број од тужбите за граѓаните се поднесни во 2010 и во 2007 година; најмалку во 2012 година. Судските спорови, најчесто завршуваат во корист на „Водовод“. Тоа го покажуваат и нивните податоци, според кои процентот на добиените судски предмети е многу висок со судска завршница и се движи некаде и над 80%. ж Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба