ВОЈНАТА ВО ГАЗА ЌЕ ТРАЕ НАЈМАЛКУ ДО КРАЈОТ НА 2024 ГОДИНА: Израел испрати тенкови во Рафа
Објавено во: Свет 29 Мај, 2024
Израел соопшти дека војната во Газа ќе продолжи најмалку до крајот на оваа година.
Израел денеска испрати тенкови во Рафа. Жителите на Рафа рекоа дека тенковите упаднале во Тел ал-Султан на западниот дел на градот и во Џибна и Шабур во близина на центарот, пред да се повлечат кон границата со Египет, во тампон зоната.
Израел објави дека неговата армија контролира три четвртини од тампон зоната и планира да воспостави контрола врз целата област за да ја спречи палестинската терористичка група Хамас да шверцува оружје. Палестинскиот министер за здравство Маџед Абу Рамадан изјави дека нема индикации дека граничниот премин Рафа наскоро повторно ќе биде отворен за хуманитарна помош.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека „духот на Обединетите нации во Газа е мртов“, истовремено повикувајќи го исламскиот свет да реагира по израелските напади врз камповите во Рафа, во кои се сместени раселените Палестинци.
Војната почна лани на 7 октомври откако Хамас изврши напад на Израел.
foto IDF