16 Декември, 2025
0.1883

Волво бега од Русија!

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2015 09:26

Добивај вести на Viber

Компанијата Волво Восток, која управува со фабриките Волво во Русија од 11 февруари го запира производството на камиони во фабриката „Волво груп трак“ во Калуга.

Компанијата исто така, за третина го намалува бројот на вработени.

Како што за агенцијата Интерфакс рекол раководителот на прес службата на претпријатието Олег Васиљченко, со отпуштањето на 30 одсто од вработените од вкупно 700 ќе биде погоден канцеларискиот персонал и работници на производните линии кои ќе добијат компензации во согласност со Законот за работа.

„Останатите работници остануваат на платениот список на фабриката. Една третина од нив во текот на привременото престанување со работа, ќе бидат ангажирани во тековините процеси на работа“, рекол Васиљченко.

Камиони на купувачите во Русија привремено ќе им испорачува европското претпријатие на Волво груп во Швајцарија, Белгија и Франција.

На намалување на бројот на работници и запирање на производството компанијата се одлучила поради лошата состојба на пазарот и понатамошниот пад на побарувачка на комерцијална техника.

Фабриката „Волво груп трак“ е отворена во јануари 2009 година. Нејзиниот капацитет е 15 000 возила годишно, а произведува камиони Волво и Рено.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“