20 Декември, 2024
0.0351

ВОНРЕДНО АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ НА „ВАБТЕК“, ЌЕ СЕ АМИНУВА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА - што се случува со странската инвестиција

Објавено во: Економија 20 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Странскиот инвеститор „Вабтек“ ланската згуба ќе ја покрива од идното работење на компанијата. Ваква одлука треба да донесе Собранието на акционери на компанијата на вонредната своја седница која ќе се одржи после Новогодишните и Божикните празници, или поточно на 21 јануари наредната година. А, ова покривање на загубата веќе го одлучил Управнииот одбор на компанијата завчера, и сега бара одлуката да ја „аминува“ Собранието на акционерите.

Инаку, ланската загуба на компанијата за производство на сопирачки за шински возила е прилично голема и инесувала 3,75 милиони евра. Ова значи дека компанијата која е странска инвестиција и се најавува како еден од клучните инвестициски адути на новата власт, а за што, пак, негодуваат нивните претходници, лани имала навистина голем негативен финансиски резултат.

„Одборот на директорите на Вабтек МЗТ АД Скопје ja утврди следнава предлог одлука за покривање на загубата, имено се одобрува искажаната загубата во работењето на друштвото во 2023 година во износ од 230.426.000 денари (3,75 милиони евра – н.з.) да се покрие од идното работење на Друштвото. Oдлуката влегува во сила со денот на донесувањето. Со донесување на оваа Oдлука се укинува Одлуката за покривање на загубата заведена од 05 август 2024 година“, се вели во одлуката на Одборот на директори, која треба да ја гласа Собранието.

А, Фактор ја најде таа претходна одлука за покривање на загубата, и во неа исто стои дека ланската загуба ќе се покрива од идното работење на друштвото, со таа разлика што тогаш била наведена помала загуба, односно сума од 3,26 милиони евра.

Засега е нејасно како дошло до зголемување на ланската загуба на компанијата за сума од околу 500 илјади евра.

Инаку, Фактор пишуваше дека Вабтек новата власт го најавува како нова инвестиција, додека, пак, опозицијата тврди дека станува збор за постојна инвестиција која само ќе ги прошири своите капацитети во земјава.

Исто така, на база на деветмесечниот Биланс на успех на компанијата објавивме дека оваа американска компанија и за оваа година повторно известува за загуби во своето работење.

Имено, факт е дека во периодот од јануари заклучно со септември годинава Вабтек како компанија не работела воопшто лошо, зголемувајќи ги приходите од продажбата, но сепак, главниот нивни проблем се големите финансиски расходи, односно враќањето на кредити и камати од нив, поради претходни задолжувања. Имено, оваа компанија за деветте месеци од годинава остварила негативен финансиски резултат од 783 илјади евра, што воопшто не е малку, но утеха е дека во првите девет месеци од годинава имале двојно намалување на загубите во однос на истиот период од минатата година.

Кога го објавија својот деветмесечен биланс на успех од компанијата најавија и промени и редукции во своето работење доколку овие загуби продолжат, но и можно стопирање на планираните инвестиции, иако не се споменуваа намалувања на работната сила.

Инаку, во септември годинава Владата се пофали дека „за само два месеци донесени се четири странски инвестиции и нови над 1.500 вработувања“, а во тие инвестиции беше спомената и амерфиканскиот „Вабтек“, за производство на сопирачки за шински возила. Инвестицијата е најавено дека ќе тежи 35 милиони евра, а ќе се отворат нови над 100 вработувања, и тоа во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Веднаш потоа се огласи СДСМ, од каде реагираа дека не станува збор за нова инвестиција, туку за производител кој долго време работи во кругот на некогашен Металски завод Тито. Околу „Вабтек“ тогаш се произнесе и поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој тврдеше дека две години тимот на ТИРЗ работел со компанијата за новата инвестиција.

„Повеќе од две години со тимот од ТИРЗ работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции. Се боревме и на суд, каде добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак, добро е што овие предизвици се сега минато. И затоа заслужува да се поздрави решеноста на Владата „да пресече“ и оваа инвестицијата која е важна за сите граѓани да се случи. Честитки за сите“, напиша Деспотовски.

Градежен институт Македонија за корпорацијата веќе изработува основен проект за нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Поради големината на планираните содржини на проектот, планирано е четири парцели да се спојат во една голема парцела. 

Инаку, според ЦДХВ, доминантен сопственик на компанијата е ПОЛИ С.Р.Л., со 87,4 отсто од акциите.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

И министри од новата власт ќе пазарат во маркети пред камери

И министри од новата власт ќе пазарат во маркети пред камери

ЕВЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ ЗА 2024: Изненадуваат Хрватска и Грција, Македонија ја нема на листата

ЕВЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ ЗА 2024: Изненадуваат Хрватска и Грција, Македонија ја нема на листата

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години

ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години

СЕ ЗАТВАРА ГОРДОСТА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Познатиот рудник заминува во историјата – по 140 години останаа само долгови

СЕ ЗАТВАРА ГОРДОСТА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Познатиот рудник заминува во историјата – по 140 години останаа само долгови