20 Декември, 2024
0.0696

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Објавено во: Економија 20 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска пред медиумите брифираше дека побарала од Генералниот секретаријат на Владата да го зголеми надоместокот за концесија за рудниците и сепарациите.

Надоместокот во моментов е премал и не се наплаќа ефикасно, додека концесионерите кои вршат експлоатација имаат солидни приходи и добивки. Летоска и самиот Државен завод за ревизија констатира дека од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, државата во периодот од 2018 до 2022 наплатила само 45 милиони евра. Иако компании прават огромни профити од експлоатација на квалитетен мермер во Македонија, од тоа се наплатени само 1,7 милиони евра за отстапување на националниот ресурс во период од овие четири години.

- Во моментов надоместокот што го наплаќа државата е само 2 проценти од вкупниот приход на операторот, а освен тоа нема ни ефикасна контрола на наплата.  Од она што го испитавме, во регионот најмалата наплата е 4 отсто, што значи дека ние сме „најевтините“.

За експлоатација на мермер,во зависно од квалитетот, треба да се наплаќа кај нас од 3.000 до 17.000 денари по тон. При тоа, како може сите да го наплаќаат само најмалиот надоместок по 3.000 денари од тон за државата.

Затоа упатив предлог решение до Генералниот секретаријат да се донесе нова одлука како акт. Иако има реакции од компаниите, свесни сме дека 2 отсто е мал процент и мора да се зголеми барем за нешто повеќе, рече Божиновска пред медиумите.

Министерката најави дека, заради подобра наплата, ќе се преиспитува и површината што се експлоатира. Поради тоа министерството ќе направи набавка за шест нови возила со кои ќе се оди на терен. Покрај тоа, во соработка со Рударскиот факултет во Штип ќе се позајмат дронови со кои подобро „ќе се скенира теренот“.

Според ДЗР, висината на надоместоците за користење на простор кои се определени во државата е многу мала, а исто така и наплатата на надоместоците за експлоатирани количини е многу ниска во однос на реалните пазарни цени кои потоа ги наметнуваат концесионерите и од кои добиваат огромни добивки.

„За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 - 2022 година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра ) концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра ) надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двата основи“,заклучи државниот ревизор пред извесно време.

Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ од 103.248 илјади денари или 1,7 милиони евра за период од 2018 - 2022 година претставуваат 1 отсто од остварените приходи од продажба на концесионерот

Во овој четиригодишен период дури 19 милиони евра од вкупната сума била наплатена со задоцнување во однос на законски утврдениот рок. Според испитувањето што го направил ДЗР, двајца концесионери експлоатирале минерални суровине на 9.989 метри квадратни дива површина која не била регулирана, односно ограничена со договорите.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

И министри од новата власт ќе пазарат во маркети пред камери

И министри од новата власт ќе пазарат во маркети пред камери

ЕВЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ ЗА 2024: Изненадуваат Хрватска и Грција, Македонија ја нема на листата

ЕВЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ ЗА 2024: Изненадуваат Хрватска и Грција, Македонија ја нема на листата

ВОНРЕДНО АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ НА „ВАБТЕК“, ЌЕ СЕ АМИНУВА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА - што се случува со странската инвестиција

ВОНРЕДНО АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ НА „ВАБТЕК“, ЌЕ СЕ АМИНУВА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА - што се случува со странската инвестиција

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години

ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години