Ворен Бафет бара три квалитети кога вработува: Последниот е пресуден, и ќе ве изненади!
Објавено во: Финансии 12 Јануари, 2017 13:30
Ворен Бафет е еден од најголемите инвеститори, но освен тоа е и вешт бизнисмен и менаџер. Затоа и неговата компанија „Berkshire Hathaway“ е меѓу најпрофитабилните во светот.
Дури гениј како Бафет сепак не може да прави ништо сам. Со текот на годините тој успеал да изгради исклучително ефективен и талентиран тим. Како го постигнал тоа? Секој вработен станува дел од неговиот тим во зависност од тоа дали има 3 квалитети, пишува Business Insider.
„Кога ќе ангажирам нови луѓе следам 3 работи - интелигенција, енергичност и достоинство. Ако човекот го нема последното, првите две ќе го уништат, бидејќи без достоинство, ќе стане безумен и мрзливи“, истакнува Бафет
Потребата од интелигенција е очигледна - човекот треба да има капацитет да ја врши работата. Бафет сепак потсетува дека не станува збор само за висок IQ или за одлични оценки во училиште. „Не треба да бидеш ракетен инженер, за да успееш во инвестирањето. Ако си во бизнисот и имаш IQ 150, најдобро продај 30 поени на некого“, вели милијардерот.
Под енергичност пак Бафет разбира подготвеност за преземање на иницијатива. Службеникот треба да е отворен да се обиде за нови работи и да презема одговорност за проектите.
Достоинството е најважен квалитет според инвеститорот. И целосно зависи од самиот човек, тврди тој. Не можеме да избираме колку да сме високи и колку брзо можеме да трчаме на пример, но дали сме чесни, дали сме великодушни, дали се однесуваме со достоинство - тоа е во нашата моќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





