Воскопулос: Не Македонија, Грција треба да го смени името на грчкиот регион Македонија
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018 14:17
Павле Воскопулос Филипов еден од водачите на Виножито, партијата на Македонците во Грција со спротивставен став на грчките претставници и функционери.
Воскопулос Филипов во Фејсбук статус вели дека наместо Mакедонија, Грција треба да го смени името на грчкиот регион Македонија.
За надминување на разликите околу името на нашата држава, Воскопулос предлага пет имиња за грчкиот регион Македонија: 1. Грчки географски регион 2. Географска грчка Македонија 3. Грчка Македонија 4. Грчка историска Македонија 5. Регион грчка Македонија. „Во обидот да се најде компромис ќе беше праведно и конструктивно да се предложат имиња за географската област на Северна Грција за да има чиста и јасна разлика од РМ како што бара грчката страна”, пишува Воскопулос додавајќи дека Грција има два проблеми со името на Република Македонија. „Со државноста, отсликана во македонштината на највисоко ниво во една организирана држава, каде македонскиот национален идентитет е на врвот – целосна еманципација преку независна држава, Република Македонија. Грчката компонента на грчкиот „мит национална историја“ е дека Македонија (регионот) е грчка земја, дека жителите се грчки народ… Со засилување преку македонските државни институции, во независната држава Република Македонија, се тресе грчкиот став-мит со децении создаван во Грција. Овој феномен (македонска држава на Балканот), мора да ја тера Грција во внатрешна реформа, кога станува збор за грчкиот национален идентитет, барем делумно, оти грчкиот е поврзан со македонската компонента развиена во оваа држава по 1913 година. Постоењето на независна Република Македонија, просперитетна држава, носител на македонштината, ќе има индиректно влијание на македонското веќе полуасимилирано население во северна Грција. Логично е Македонците да бараат малцински права, што е кошмар за грчкиот естаблишмент. Ово беше речено на важната средба на политичките лидери во Грција на почетокот на ’90-те и првите чекори за независна Република Македонија. Накратко опишувам ова е сржта на грчкиот проблем. Затоа Грција очајно пробува да ја спречи целосната македонска национална и државна еманципација, признавање и почитување на македонскиот национален идентитет, пишува Васкопулос.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




