Воспоставено редовното снабдување со топлинска енергија во центарот на Скопје
Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2016 12:18
Денеска, во раните утрински часови екипите на БЕГ-Дистрибуција го отстранија големиот дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа во близина на клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (т.н. стара градска болница), којшто предизвика прекин на греењето во болницата „Cв. Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28. Овие потрошувачи од утринава редовно добиваат топлинска енергија. За санација на дефектот заменет е 20 метри долг цевковод DN200.
Екипите на БЕГ–Дистрибуција и понатаму ја следат состојбата и се подготвени да интервенираат. Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан енерџи, на телефонскиот бројот 3076-200, со праќање СМС-порака на броевите: 076-350-298 (Оне), 078-207-056 (Вип), 070-369-337 (Т-мобиле), како и преку веб страницата www.beg-snabduvanje.com.mk, во кој било ден од денот, 24/7.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




