16 Декември, 2025
0.0849

ВОЗАЧ ОД БИТОЛА ФАТЕН СО СКОРО ТРИ ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА - упасени и жители на Делчево и Кочани кои возеле пијани

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2025 11:04

Добивај вести на Viber

Тојца возачи се уапсени поради возење под дејство на алкохол. Сите имале значителна количина на алкохол, поради што од Министерството за внатрешни работи најавуваат пријави за сите тројца. 
Првиот фатен возач со алкохол е од Битола и тој имал скоро три промили алкохол во крвата. 
На 27.10.2025 во 21:13 часот на ул.„Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Л.(42) од Битола. 
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Л. при што е констатирано дека возилото го управувал со 2,99 промили алкохол во организмот - соопштуваат од МВР.
Вториот уапсен пијан возач е од Делчево и кај него е утврдено алкохол малку под два промовил. 
На 28.10.2025 во 00:55 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во село Габрово, делчевско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.З.(55) од с.Габрово, удрило во ограда не негов сосед. 
При преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно дека го управувал возилото 1,82 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода - се посочува во билтенот. 
Третиот пијан возач е од Кочани, кој пак имал малку над два промили алкохол во крвата, а тој дури направил и сообраќајна незгода, и удрил во неколку паркирани возила. За среќа, нема повредени. 
На 27.10.2025 во Кочани, полициски службеници од ОВР КОчани го лишија од слобода Ј.И.(57) од с.Бања, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „југо“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, удрил во неколку паркирани возила. 
При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,01 промили алкохол во крвта.

Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управвуање со моторно возило“ - прецизираат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“