Возилата на „Брако“ „Green Machines“ на саемот „Денови на електро мобили“
Објавено во: Мои пари 11 Октомври, 2022 10:19
Електричните возила на „Брако“ од линијата „Green Machines“ ќе бидат изложени на саемот во Скопје насловен „Денови на електромобили“, во организација на East Gate Mall од 12-16 октомври.
„Green Machines“ќе ги презентира електричните возила GM500ze и GM400ze, кои што се во редот на најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии во светот за заштита на животната средина, со нула штетни емисии во воздухот при извршување на нивната работа. Ова е во согласност со мотото на „Деновите на електро мобили“, кое гласи „Let’s drive electric!“

Возилата од палетата на „Green Machnes“, кои се македонски производ, произведени во фабриката „Брако“ во Велес, се застапени ширум светот и се употребуваат во повеќе од 40 земји. Велика Британија, Италија, Данска, Холандија, Франција, Германија, Португалија, Белгија, Чешка, Романија, Швајцарија, Шпанија, Турција, САД, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Јужна Кореја, Австралија, се само дел од земјите каде возилата се испорачани.
„Брако“, преку производствената линија „Green Machines“, активно ја промовира и поддржува програмата за инвестиции во почиста и здрава животна средина, која што се спроведува на глобално ниво.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




