ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА ОД МАСАКРОТ ВО КИНА: со автомобил влета во толпа, загинаа 35 лица
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2024
Околу 35 лица загинаа, а 43 лица се повредени кога автомобил налета на група луѓе пред спортскиот центар во јужниот кинески град Жухаи.
Ова го објави државната телевизија CCTV.
Вознемирувачки снимки од инцидентот ги преплавија социјалните мрежи.
На снимката се гледаат последиците од страшниот инцидент што се случи во понеделникот вечерта.
On the evening of November 11th, in Zhuhai, Guangdong, at the Zhuhai Sports Center, there was an incident where a car struck pedestrians. Injured people could be seen lying on the ground throughout the area, presenting a shocking scene. #珠海体育中心 pic.twitter.com/oPIywCji0Q
— 铁锁夢 (@ChainedSoul22) November 12, 2024
Кинескиот медиум „Каиксин“ објави дека возилото, теренец, удрило во повеќе фитнес групи и удрило во десетици учесници.
Голем број од повредените се средовечни и постари лица, а меѓу повредените има и тинејџери и деца.
Possible terrorist attack in China: car runs into a crowd in the city of Zhuhai.
— Trending News (@Trend_War_Newss) November 11, 2024
A 62-year-old driver crashed his car into a crowd of people near a local sports center, injuring more than 20 people and killing several of them.
The perpetrator was detained and his motives are… pic.twitter.com/gXgWNq4nxs
По инцидентот возачот избегал но набрзо бил уапсен и е во притвор.
Државните медиуми претходно објавија дека повредените се пренесени во четири болници.
Breaking Around 8 PM on November 11, an SUV drove into the track at Zhuhai Sports Center in China, crashing into people who were walking and exercising. Dozens are known to be injured, and the number of fatalities is unknown.pic.twitter.com/ZltLcCch86
— Echoes of Life (@XBNReal) November 12, 2024
Само во една болница биле примени повеќе од 20 луѓе.
Фото: Принтскрин/Твитер
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.