Вработен во кумановско јавно претпријатие фатен со фалсификувана диплома од средно
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2025 14:13
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово како осомничен за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Вработениот во кумановско јавно претпријатие бил примен на работа, според МВР, со фалсификувана диплома за завршено средно образование.
„Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време“,извести полицијата.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




