13 Мај, 2024
0.0535

Вработените и менаџментот на Цементарница УСЈЕ собраа средства за нов апарат за детската болница „Козле“

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2016

Добивај вести на Viber

На Светскиот ден на здравјето – 7. април, Цементарница УСЈЕ ѝ донираше апарат за спирометрија на болницата за лекување набелодробните заболувања кај децата во Козле.

Половина од потребните средства за набавка на апаратот ги обезбедија вработените на УСЈЕ во рамки на акцијата „На работа без автомобил“. Сакајќи да дадат личен придонес кон промоција на здравиот начин на живот и заштитата на животната средина, вработените и менаџментот на УСЈЕ, почнувајќи од март минатата година, секоја среда, наместо со автомобил, на работа пристигнуваат пеш, со велосипед или со јавен превоз. Во склоп на акцијата се собираа средства од вработенитекои беа удвоени од страна на компанијата, со што се постигнапотребната сума од 4500 евра за набавка на спирометарот, којшто,од страна одговорните во детската болница „Козле“,е посочен какоприоритетен заефикасноста на одделот за рана дијагностика на респираторните заболувања кај децата.

„Овој апарат е од исклучително значење за оваа специјализирана здравствена установа. Тој ќе им помогне на нашите специјалисти при побрзо откривање и прецизна дијагностика на болестите на дишните органи кај децата, што е еден од важните предуслови за успешно лекување. Во името на нашите пациенти, но и персоналот на болницата, сакам да упатам благодарност кон вработените и менаџментот на УСЈЕ за нивната донација, која доаѓа во вистинско време и се вклопува во новиот современ лик на болницата“, изјави д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле.

Од Цементарница УСЈЕ потврдуваат дека акцијата преку која се собрани дел од средствата за набавка на новиот апарат ќе продолжи и во наредниот период со што ќе се овозможи реализација на други вакви донации.

„Посебно сум горда што идејата за оваа донација произлезе од вработените на УСЈЕ кои уште еднаш покажаа дека хуманизмот, волонтерство и работата во интерес на заедницата се длабоко вградени во деловната културата и традиција на нашата компанија.Со набавката на овој апарат на најдобар начин заокружуваме една етапа од проектот „На работа без автомобил“. Даваме личен пример за тоа како треба да се однесуваме кон здравјето и животната средина, а дополнително покажуваме и грижа за здравјето на нашите поколенија“, истакна Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во Цементарница УСЈЕ.

Цементарница УСЈЕ и во оваа прилика ги повика останатите компании, институции и здруженија да се приклучат кон овој вид активизам и со свој ангажман да придонесат кон омасовување на акциите сокои ќе се промовираат здравите животни навики и ќе се обезбедат дополнителни придобивки за заедницата.

Можеби ќе ве интересира

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација