ВРАБОТИ МЕ МАЈКО ВО ДРЖАВНО И ЗАБОРАВИ МЕ – РКЕ бара четири лица за четири позиции, платите далеку над просекот
Објавено во: Финансии 01 Август, 2025 07:43
Четири лица ќе имаат среќа да се вработат во Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. А под среќа, навистина мислиме дека треба да се сметаат за среќни избраници бидејќи платите кои се ветуваат во огласите се за пофалба. РКЕ преку оглас бара кандидати за четири работни места, а притоа нето платите надминуваат 1.000 евра месечен приход, односно почнуваат од 69 илјади денари, а за една позиција се нуди плата над 80 илјади денари.
Огласите веќе се поставени на веб страната на Агенцијата за администрација каде се објавуваат и огласите на сите државните институции и каде може да ги видите деталите за секое работно место.
За едното работно место за кое регулаторите бараат кандидати е соработник за правни работи од областа на електричната енергија. Заинтересираните покрај тоа што треба да се државјани на Македонија, треба да се полнолетни, активно да користат македонски, да немаат судска забрана за дејност, но и да имаат високо образование од областа на правните науки. Се бара една година работно искуство во секторот, но и познавање на компјутерски програми и еден од светските странски јазици. Платата за оваа позиција, која вработените ќе треба да ја заработат со осум часовна дневна работа достигнува дури 69.033 денари месечно.
Уште една позиција на која избраниот кандидат ќе добива иста месечна плата на својата сметка е Соработник за пазар на електрична енергија, кој ќе биде вработени во Одделение за пазар на електрична енергија. Условите се слични како и за претходната позиција, но кандидатите треба да имаат високо образование од областа на Електротехника, Енергетика, Електроника и автоматика, како и да ги познаваат домашните и меѓународните прописи, правила и стандарди во областа на енергетиката.
Третото место кое регулаторите сакаат да го пополнат е Советник за економски работи од областа на природен гас, течни горива и топлинска енергија. Се бараат истите услови, со високо образование од областа на економските или организационите науки, со тригодишно работно искуство. Секако потребено е и познавање на странски јазик, на домашни и меѓународни прописи од областа на енергетиката, како и прописи за сметководство, а лицето ќе треба да прави анализа на годишни сметки. На избраниот кандидат месечно на сметка ќе му легнуваат точно 79.623 денари.
Но, ова не е највисоката плата која ја нуди РКЕ, туку тоа е за последната, четврта позиција за која имаат објавено оглас. Со неа ќе се пополнува раководна позиција и тоа Раководител на одделение за пазар на електрична енeргија.
Заинтересираните треба да ги имаат истите услови како и другите кандидати, но со високо образвоание од обалста на Електротехника, Енергетика, Електроника и автоматика и со најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку 1 година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно работно место во приватен сектор. Месечната плата за раководителот ќе изнесува точно 85.237 денари.
Фактор веќе објави повеќе теми деновиве за огласи со кои се пополнуваат работни места во јавната администрација, а „боде очи“ зачестеноста на огласите пред локалните избори есенва.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





