07 Декември, 2025
0.3120

ВРЕДИ и колацијата на ДУИ го блокираа повторно „Законот за бранители“

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024 19:49

Добивај вести на Viber

ВРЕДИ и коалицијата на ДУИ одбија да се пополни дневниот ред со предлог законот за измена и дополна на законот за посебни права на безбедносните сили на РСМ и членовите на нивните семејства, на предлог на Јована Тренчевска од СДСМ.

Предложените измени на СДСМ предвидуваат зголемување на паричниот надоместок за инвалидите и семејствата на припадниците на АРМ кои ги загубија животите во конфликтот во 2001 година, но и тој да се прошири и на другите членови на поранешните припадници на безбедносните сили.

Претседателката на собраниската комисија за социјална политика, пратеничката од опозицијата Илире Даути одби да го стави законот на дневен ред, повикувајќи се на делови од Уредбата за работа на Собранието, но и начелото на еднаквост на граѓаните.

- Работите што се поставени ви едно минато време, не можеме денес да се вратиме назад и да ги пресудиме поинаку со тоа што едната страна ја сметаме за бранител, а другата за агресор, бидејќи ако во тоа време бевте заштитени од некого, јас бев нападната од тие што ти ги сметаш за заштитници и обратно, ако тогаш ме штитеше некој друг, ти ги сметаш за нешто друго. Затоа, бидејќи живееме во ново време и реалност, замолувам да се однесуваме врз основа на оваа сегашна реалност, рече Даути.

Пратеничката на мнозинството од редовите на ВРЕДИ, Имерлије Салиу, обидот за враќање на законот за Бранителите го оцени како провокација. Додаде дека со тоа се влошуваат меѓуетничките односи.

-Ваков закон може да се донесе само кога е предвиден и вклучен во законот истиот статус на ветераните на ОНА како што е предвидено за одбранбените сили на земјата. Се надевам дека ќе продолжиме врз основа на регулативата на собранието, во спротивно ќе преземеме мерки за блокирање на оваа комисија и нема да толерираме овој предлог да биде ставен на дневен ред, вели Имерлије Салиу, пратеничка на ВРЕДИ.

Претседателката на комисијата Илире Даути рече дека е подготвена да свика јавна расправа на која ќе изнајдат решенија за припадниците на полицијата и армијата, но и за припадниците на ОНА.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија