19 Декември, 2025
0.0570

Врелиот костен влегува на собраниска седница, со каква стартегија ќе настапат Заев и Мицковски?

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018 16:05

Добивај вести на Viber

Уставните измени од денеска влегуваат на собранска седница. Во 11 часот е закажана „пленарката“ на која 120-те пратеници ќе може да дискутираат за тоа дали се согласуваат Уставот да се отвори со цел да се интервенира со четри амандмани. Од самиот старт е сосема неизвесен текот на седницата на која ќе треба да се разгледува Преспанскиот договор. Се отвара дилемата дали ни престојат маратонски седници на кои би дискутирале власта и опозицијата или уште на самиот почеток ќе биде јасно дека решението мора да се бара во предвремени парламентарни избори. Мнозинстовото во парламентот ги очекува пратениците на ВМРО- ДПМНЕ, но исто така се надева на поддршка од 10 пратеници кои би ги поддржале уставните измени.

„Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава. Сегa е моментот сите заедно, со заеднички сили да покажеме колку ни е грижа и колку и сакаме најдобро на нашата земја обезбедувајќи и светла иднина и членство во ЕУ и НАТО“, изјави вчера Јулијана Николова, пратеник од ЛДП.

Деловникот му налага на претседателот на Собранието Талат Џафери најмногу 10 дена да ја држи оваа точка отворена за дискусија. Дали рокот ќе се користи до крај или многу порано оваа точка ќе биде ставена на гласање? Од ВМРО- ДПМНЕ официјално не остапуваат од бојкотот на Преспанскиот договор, внатре веќе сериозно, како што велат, разговараат за подготовка на избори. Опозициската партија засега не ја соопштува својата стратегија за настап во Парламентот. Извесно сценарио е и да не се појават на дискусијата со цел што побрзо да издејствуваат распишување на предвремени парламентрни избори. За денеска пред пленарната седница, закажана е координација на патеничката група со цел да се договорат како ќе делуваат.  

„Ќе имаме координација пред седницата па ќе се договориме како ќе делуваме на седницата, но јас нема да гласам за уставните измени и останувам на истиот став дека договорот со Грција е штетен, иако од власта велат дека ќе се обезбеди мнозинството гласови за уставните измени“, изјави Зоран Илиоски,ВМРО-ДПМНЕ.

Датум за избори кој засега се споменува како најсериозен е 9 декември. Но, дали навистина ќе следи тоа? Премиерот Заев не се откажува од напорите да обезбеди 2/3 мнозинство. Во последното интервју дадено за грчки медиум уверува дека тоа може да се случи, иако опозициската партија демантира дека некој од нивните пратеници самостојно ќе одлучи да ги поддржи уставните измени. Власта деновиве укажува на нужноста дека договорот мора да се спроведе за да Македонија продолжи со интегрирањето во НАТО и ЕУ.  Од СДСМ се јасни дека доколку сед соочат со блокади денес и во наредните денови, ведаш ќе гласаат за распишување на нови избори.

Постапката за измена на Уставот би одела во три фази. Во првата, Собранието, со двотретинско мнозинство треба да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Ѓ.Т.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината