ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Што не очекува во следните пет дена?
Објавено во: Македонија 07 Март, 2017 09:01
Во текот на денот се очекува претежно облачно време со слаби врнежи од дожд, ветровито и посвежо време.
Врнежите претежно ќе бидат застапени во северозападните, западните и југозападните предели, а на планините над 1500 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Ќе дува доумерен засилен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 8 степени, додека пак максималните дневни од 5 до 15 степени.
Под влијание на медитерански циклон Македонија ќе биде и во среда и четврток кога се очекува да продолжат врнежите од дожд, а над 1500 метри со слаби врнежи од снег. Во среда поинтензивни врнежи се очекуваат во југозападните, јужните и југоисточните предели, локално и над 30 литри. Максималните температури ќе бидат од 5 до 15 степени. Во четврток времето ќе биде облачно со сосема слаби врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат од 3 до 13 степени. Во петок и сабота стабилизација на времето и посвежо утро со утрински температури од -3 до 5 степени, во текот на денот во петок умерено облачно со сончеви периоди и температури од 4 до 14 степени, додека пак во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и максимални 5 односно 15 степени.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




