06 Октомври, 2024
0.2006

ВРИЕ МЕЃУ СДСМ И ВМРО ДПМНЕ: Фрчат закани, наместо помирување!

Објавено во: Економија 19 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Изминативе неколку дена по договорот од Пржино ништо ново на политичката сцена. Наместо да се смират страстите, тие се повеќе се разгоруваат. Се гледа дека треба многу повеќе од еден договор за да профункционира политичка култура. Таква во Македонија нема. Последно во низата препукувања е иницирано од интервјуто на Груевски за Нетпрес. Реагираше СДСМ: „Груевски е исплашен од решенијата што мора да ги договори заедно со опозицијата за ослободување на областите за коишто има силни критики во Извештајот на Прибе: медиумите, правосудството, регулаторните тела, како што се Антикорупциската комисија, Бирото за јавна безбедност, ДИК, УЈП„ се посочува во соопштенито на СДСМ во врска со интервјуто на Никола Груевски за Нетпрес. „Тоа го покажува денешното интервју на Груевски за провладиниот портал Нетпрес, во пресрет на отпочнувањето на разговорите за корективите во општеството што тој ги окупираше, а под чија лупа ќе се најде неговото противзаконско и криминално владеење и добивање избори. Очигледно, откако стави потпис на договорот од Пржино, за оставка, за преодна влада, за предвремени избори, што ги одрекуваше, Никола Груевски мир не го фаќа. Затоа изминативе неколку дена тој го напнува медиумскиот оркестар со диригирани лаги за СДСМ и затоа во секоја втора реченица во денешното интервју опсесивно го споменува Социјалдемократскиот сојуз. Врие, но само во главата на премиерот. Договорот од Пржино мора да се спорведе, како што мора да се спроведат препораките на европската експертска група предводена од Рајнхард Прибе. Надежта на Груевски дека „Народот покажал оти може да издржи се“ покажува колку е тој безнадежен за тоа што следува, стои во соопштението на СДСМ. Одговор на ВМРО ДПМНЕ Стравот на СДСМ од избори е голем бидејќи на тој ден нивните лаги, манипулации и конструкции ќе се срушат како кула од карти, а нивните најсилни поддржувачи веќе нема да им веруваат, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешното соопшение на СДСМво врска со интервјуто на премиерот Никола Груевски за Нетпрес. – Ги разбираме гневот и нервозата во соопштенијата на СДСМ, а веруваме дека тоа ќе биде уште посилно изразено како ќе се ближи датумот на изборите. До тогаш им преостанува нивната безидејност и страв да ги покриваат со жолчни и празни соопштенија како ова, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?