06 Октомври, 2024
0.0394

ВРИЕ ВО ЧЕЛИЧАРСКИОТ БИЗНИС: Макстил и РЖ Услуги на суд!

Објавено во: Економија 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Менаџментот на Макстил најавува тужби за компанијата РЖ Услуги, поради тоа што РЖ Услуги бара двојно повисоки цени за водата што ја испорачува до Макстил. Од Макстил наведуваат дека се приморани да го запрат производството, оти не сакаат да плааќаат двојно поскапи цени за водата и сега им останува единствено да бараат правна заштита од страна на надлежните институции во државата, за изнудениот прекин на работењето , и спречување на понатамошните директните и индиректните штети, предизвикани од РЖ  Услуги. Менаџментот на Макстил го стопираше производството  со обвинување дека компанијата РЖ Услуги од нив бара од нив да плаќаат двојно повисоки цени за вода. Во објаснувањето од Макстил, доставено до Македонската берза, се наведува дека проблемот меѓу двете компании настанал откако во Макстил завршиле со инвестицијата во производствениот погон Челичарница, по што било најавено рестартирање на производството, но на денот кога е најавен старт на производството РЖ Услуги побарала за водата што им ја испорачува да плаќаат двојно повисоко цена. „Од страна на снабдувачот со технолошка вода РЖ Услуги системот за рециркулација на меката вода не беше ставен во функција при што без никакви претходни најави беа наметнати  побарувања за повеќе од  двојно зголемување на цената на услугата за дистрибуција на водата и беа одбиени сите обиди за решавање на настанатиот проблем со вообичаената пракса. Беше отфрлено барањето за објаснување и приложување уверливи аргументи за зголемување на цената на нивната услуга во врска со дистрибуцијата на водата. Ова  е крајно  неделовен потег на  уцена од монополска позиција на единствен оператор и дистрибутер на технолошки води во индустрискиот круг на Железарницата,  без никаква одговорност за настанатите штети од запирањето на производството , односно  договорената испорака  на потребните енергенси и останати флуиди и најмногу од се заради откажување на нарачките за договорените испораки на лимови во текот на месецот, објаснуваат од Макстил. Компанијата РЖ Услуги е еден од правните наследници на Скопската Железарница и е  формирана да врши водоснабдување на производните погони по извршеното организационо и сопственичко преструктуирање на поранешното општествено претпријатие, како и да врши физичко обезбедување на објектите, противпожарна заштита и некои други услуги од заеднички интерес.  А во периодот на транзицијата, од Максил објаснуваат дека сите  стопански субјекти се обидувале пазарната позиција да ја градат на основа на сериозни трошковни и енергетски реструктурализации, наместо на изнуди за нереално зголемување на цените на своите услуги,  особено од позиција на единствен дистрибутер кој обавува услуги од посебен интерес. Дополнително, од Макстил додаваат и дека во работењето на РЖ Услуги има проблеми од зкаонски аскпект. „Проблемот станува дотолку посложен ако се има во предвид фактот што РЖ Услуги нема договор со Јавното претпријатие за водоснабдување, при што заради измените на Законот за водите, независно дали станува збор за оператор или дистрибутер, испораките на водите се доведуваат во прашање, а РЖ Услуги  и во овој случај се однесува монополски и одбива да се приклучи кон заедничките барања на сите засегнати корисници  и деловни субјекти  во кругот на Железарницата до надлежните институции за изнаоѓање на прифатливо и долгорочно одржливо решение“, додаваат од Макстил. Од компанијата РЖ Услуги останаа недостапни за коментар за обвинувањата од страна на менаџментот на Макстил.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?