ВРИЕ ВО ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ - инспектори и вработени бараат итна средба со премиерот, потпишуваат и петиција, а дел се тргнати и кон Скопје
Објавено во: Македонија 23 Април, 2021 15:31
Врие во Државниот пазарен инспекторат, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе покрене постапка за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, од владините служби кои се за тоа задолжени.
Вработени во Државниот пазарен инспекторат, како и инспектори, се во шок по изјавата на премиерот.
Тие бараат итно средба со премиерот Зоран Заев, на која ќе побараат од него да ја преиспита ваквата своја најава за смена на Пауновски.
Тие се револтирани од ваквите најави, а според нашите информации, дел од вработените во ДПИ од регионалните одделенија на Инспекторатот, веќе се тргнати кон Скопје, со цел да го искажат својот револт и несогласување со ваквата најава.
Според нашите информации, инспекторите веќе почнале да потпишуваат и петиција, со која бараат да се преиспита ваквата најава за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.
„Ваков директор како Пауновски, чесен, одговорен и професионален, сме немале во изминатите 30 години“, велат за Фактор дел од инспекторите на ДПИ, кои најавуваат дека наскоро ќе ја објават и јавно петицијата што ќе ја потпишат.
Како што е познато, откако Пауновски, за Фактор изјави дека нема да го потпише решението за прием на сите 35 рамковнои вработени бидејќи се со несоодветни квалификации за институцијата, премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе побара од вицепремиерпот Љупчо Николовски и владините служби, да достават предлог за негово разрешување.
Отксако јавно се спротивстави на оваа владина одлука, Пауновски доби голема поддршка од јавноста, за, како што се наведуваше во коментарите,. интегритетот што го покажал во одбрана на професионалноста на една од најзначајните државни институции.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




