22 Ноември, 2024
0.1108

ЗАЕВ: Пауновски е мој личен пријател, но ќе побарам од службите да биде разрешен, направи пркос кој не е дозволен

Објавено во: Македонија 23 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Стојко Пауновски е мој личен пријател, но јас ќе барам од службите од Владата, од вицепремиерот Љупчо Николовски, доколку постои основа, да биде покрената постапка за негово разрешување.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев откако директорот на ДПИ Стојко Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, тој нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени.

„Недозволиво е секој ден преку медиумите да водите полемики со потпретседателот на Владата, а сега гледам и со претседателот на Владата. Тоа е пркос кој не е дозволен. Во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функционира“, рече Заев.

Заев смета дека постои основа за разрешување на Пауновски и очекува службите да покренат постапка. 

„Истото го кажувам и јас, истото го кажува и потпретседателот на Владата Артан Груби. Тие се распределени согласно одредени планови за нивна вклопливост во самите институции. Самата инститиуција на крајот вели - тоа може, тоа не може. Но, секојдневно да се препукувате со потпретседателот на Владата, а гледам, сега и со претседателот на Владата, директор што е поставен од Владата, во време во кое што живееме, е апсолутно недозволиво“, рече Заев. 

Затоа вели дека очекува да биде даден предлог за негово разрешување, и тоа од вицепремиерот Љупчо Николовски.

„Затоа што не може да си дозволите јавно да правите вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените, за нешто што е транспарентно и воспоставено на одлични основи, искрени основи, да самите институции дадат фидбек. Нормално, нема да се прави тоа што не може. Ако нема систематизирано место, или ако не може да се систематизира место, тоа лице не мора да биде примено. Но, ова е прашање кое што нашиот народ очекува да биде решено. Бидејќи, минуваат месеци, минуваат години, се плаќаат луѓе, а не работат ништо. Тргнато е во сериозен процес и тие луѓе треба да се распоредат“, рече Заев.

Тој нагласи дека тоа се наши сограѓани, кои долго не работеа и земаа плата, а сега се прераспределени согласно нивните квалификации“, рече Заев. 

Премиерот соопшти податок дека од 1.349 вкупно рамковно вработени, дури 1.182 прифатиле да бидат распоредени во институциите.

Потоа, 38 одбиле, и одат на трансфер листа, а 13 сами си дале отказ. 

Или, вели Заев, 87,6 отсто процеот е успешен.

„Сите тие граѓани се наши и досега земале плата, а не работеле. Тоа е дел од пртограмата на работа на Владата. Некаде и други институции ги одбиле каде што не можеле да бидат примени. Но, секој ден да водите полемики, со потпретседател, претседател на Влада, со институциите, тоа е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да биде поставена, ние ја носиме својата одговорност пред граѓаните и таа хиерахија треба да биде ефикасна, успешна и професионална. Се работи за мој исклучително добар пријател, Стојко Пауновски, но чесно ги кажувам моите очекувања“, рече Заев.  

Тој мисли дека ова е доволна основа за разрешување на Пауновски.

„Очекувам, секако, службите кои се поставени за таа работа, да отворат постапка, доколку постои, како што јас мислам, основа за негово разрешување“, рече Заев. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО