24 Ноември, 2024
0.0287

ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СО ПОДДРШКА ЗА ПАУНОВСКИ: Голем човеку, покажавте што е став, интегритет и професионалност

Објавено во: Македонија 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Не стивнуиваат реакциите од граѓаните по разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
На социјалните мрежи осамнаа голем број постови за Пауновски, во кои граѓаните недвосмислено ми изразуваат поддршка и го поздравуваат неговиот цврст став во одбрана на професионалноста и интегритетиот на институцијата со која раководеше. 
Како што е ползнато, вчера Владата го ртазреши Пауновски, со едно штуро образложение, дека тоа било според законот за ДПИ, и тоа поради непрофесионално однесување. 
По кој закон е да мораш да вработиш луѓе, без соодветно образование за работната позиција? Добро бе, до кога ќе се вработуваат партиски неписмени потрчковци? До кога партиската книшка ќе биде единствено важна за вработување? Ќе се најде ли некој свесен политичар кој ќе почне да го цени знаењето, вложениот труд и чесноста?

Почитуваниот Стојко Пауновски да формира партија и тој да дојде на чело на оваа држава. Затоа што само во него можеме да имаме надеж за подобра иднина.

До сега и едните и другите ги видовме и оценивме и веќе не заслужуваат да бидат гласани на избори“, се вели во еден од постовите.

Во друг пост се вели: „На еден чесен, искусен, работлив човек, денес му се одмаздија поради неговата ‚пркос'. Не разбрале дека не е пркос, ами одговорност, професионалност, чесност. Не му се секирај, директоре Стојко Пауновски, нема да им го заборавиме ова“, се вели во друг пост. 

„Чекорите гордо и храбро, вие сте нашата гордост. Еден ден се надеваме, ќе ве видиме во што поголема функција господине Стојко Пауновски“, пишува еден граѓанин.

Друг граѓанин, пак, преку социјалната мрежа Фејсбук, напиша „Стојко е пример за тоа како треба да се постави и однесува еден директор на државна институција“.

Во еден од постовите се вели.

„Политичар со став. Претседник. Така ве викав досега, така ќе ве викам и понатака. Вие сте најдобриот претседател што го имала ОО СДСМ Тетово. Горда сум што со човек како Вас заедно чекоревме по пат што верувавме дека ќе донесе подобра иднина. Ова што се случува сега нема врска со тоа во што верувавме. Ви симнувамн капа голем човеку. Секому помагавте. Никогаш не ги двоевте луѓето по вера, насција или партија. Вие на сите им покјажавте што е достоинство и затоа секопгаш ќе ја имате нашата поддршка, а овие ќе си видат што направиле на избори. Тогаш ќе се соочат со нас. Јас сигурно нема да гласам за нив. Поздрав и се најдобро голем човеку“, пипшува една сопартијка на Пауновски. 

Владата вчера, по својата седница, соопшти: 

Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според Законот за Државен пазарен инспекторат“, напшишале од Владата во своето соопштение.

Потоа Пауновски се огласи преку својот фејсбук профил: 

„Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот ‚пркос' ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.

Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот.

При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен.

Горд сум на се што направивме заедно!

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор од мене, со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша на фејсбук Пауновски.

Пред владината седница премиерот Зоран Заев ги сослуша аргументите на инспекторите кои до него доставија петиција во одбрана на Пауновски, и рече дека внимателно ќе прочита се што му доставиле, но нагласи дека било недозволиво „јавното водење на полемики со Владата од страна на Пауновски“.

А во целиот овој период додека трае оваа јавна дебата, ни еднаш за проблемот не се изјасни првиот вицепремиер Артан Груби кој раководи со министерството за политички систем. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина