Врнежите престанаа, донесоа сонце и на места големи одрони
Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2015 10:51
Утрово имаше врнежи од дожд, локално на пониските места од снег кои речиси престанаа.
До крајот на претпладнето истите ќе престанат, а попладне ќе има постепено намалување и на облачноста. Повторно ќе биде ветровито, со умерен, а локално на моменти и засилен југозападен ветер.
Максималната температура ќе има вредност околу 10°С низ котлините во земјава. Во котлините од јужниот дел на земјава ќе достигне вредност околу 13°С. На повисоките места во западниот дел од земјата ќе достигне вредност околу 1°С, а во источниот крај околу 7°С, информираат од МЕТЕОПРО.
Во Скопје и околината дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 11°С.
АМСМ информира дека поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, Крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Пресека и Барбарас, а поради лавина кај манастирот Бигорски во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




